За нас

Почитувани,
Компанијата “Аронија здрава храна ДООЕЛ“ е креатор и сопственик на препознатливиот заштитен бренд BIOCOSMOS, и повеќе од 15 години  е посветена на производство и трговија со природна, безглутенска и органска храна. Cо своето долгогодишно искуство и високопрофесионален кадар, производството на своите уникатни, висококвалитетни и безбедни производи го темели на принципите и начелата на системот за безбедност на храна согласно барањата на ISO22000:2005.  Нашите производи можете да ги најдете во продажба во специјализиранинте BIOCOSMOS и MARKT продавници, во поголемите маркети, во франшизерските продавници, во низа специјализирани продавници за здрава храна, или во електронска продажба преку www.biocosmos.mk.

“Аронија здрава храна ДООЕЛ“ е определена во целост да ја спроведува Политиката за безбедност на храна, која е рамка за реализирање на дефинираните цели и мисија на компанијата, а чии принципи се:

  • Постојано исполнување на барањата на нашите клиенти, потрошувачи и соработници за производство на квалитетен и безбеден производ, почнувајќи од избор на квалитетна суровина, контролирано производство, до безбедна дистрибуција и транспорт. Во тој поглед, ги опфаќаме и специјалните барања и потреби на клиентите со исполнување на посебните барања за органско производство и производство на безглутeнски производи;
  • Примена на начелата и барањата на ISO22000:2005 со цел постојано подобрување и зголемување на делотворноста на системот за безбедност на храна;
  • Спроведување на континуиран мониторинг и контрола на целиот производствен процес, согласно начелата на НАССР системот и стандардот за безбедност на храна ISO22000:2005 со цел обезбедување на квалитетен, безбеден и здравствено исправен производ;
  • Градење коректни и професионални односи со нашите добавувачи преку заемна доверба, размена на знаење и искуства и поттикнување на постојано исполнување на НАССР системот;
  • Исполнување на законски регулативи и прописи за безбедност на храна;
  • Систематски развој и постојано усовршување на вработените во рамките на своите овластувања и одговорности, што придонесува за исполнување на поставените цели на компанијата.

“Аронија здрава храна ДООЕЛ“ денес ја ужива довербата на бројни потрошувачи и соработници (франшизи), кои го препознаваат квалитетот на производите на BIOCOSMOS.

Секој вработен во компанијата “Аронија здрава храна ДООЕЛ“ е запознат со Политиката за безбедност на храна и истата ја разбира и прифаќа како постојан принцип во својата работа.

“Аронија здрава храна ДООЕЛ“ гради доверба која ја темели на заемно почитување како со вработените, така и со своите потрошувачи, клиенти и соработници (франшизи).  

Нашите производи можете да ги најдете во продажба во поголемите маркети како Веро и Тинекс, Рамстор, ДМ дрогерии, Монтенегро, Рептил, Елида,  во продавници за здрава храна како и во BIOCOSMOS продавниците на следнте локации:

-Центар, Скопје, (зад Работнички универзитет) 02 240 3768,
-во Охрид (наспроти Охридска банка) 046 23 00 24
-во Битола (во Стара Чаршија, близу влезот на пазарот) 047 552 017
 
 
Големопродажба:
043 235 959
077 893 750
 
Финансии и сметководство:
043 235 959,
078 211 557
 
Службен e-mail: info@biocosmos.mk
FB: https://www.facebook.com/biocosmos.mk
 
 
Ви благодариме на довербата

 

За Нас

Добродојдовте во е-продавницата на BIOCOSMOS . Нашата компанија повеќе од 10 години е посветена на производство и трговија со природна и органска храна. Нашите производи можете да ги најдете во продажба во некои од поголемите маркети како Веро и Тинекс, Рамстор, ДМ дрогерии, Монтенегро, Рептил, Елида,  во продавници за здрава храна како и во BIOCOSMOS продавниците низ Македонија.

Контакт

  • 043235959
  • 078211557 077893750
  • info@biocosmos.mk

Facebook

Аронија здрава храна дооел, Био Космос продавница за здрава храна © 2019. UKION SHOPS